Оглас за графички дизајнер

Студентски Парламент на Факултетот за Информатички науки и Компјутерско инженерство – Скопје (СПФИНКИ – Скопје) е здружение формирано со слободно здружување на студенти и граѓани, независно од нивната национална, верска, полова припадност и заради остварување и вршење на активности со цел застапување на заеднички интереси и влијание на јавноста и јавното мислење. Мисијата ни е подобар студентски стандард, а целта ни е студентите и граѓаните да бидат обединети и заеднички да се изборат за правата кои им следуваат. Покрај обезбедување на подобри услови за студирање на факултетот, студентите како млади интелектуалци треба да се залагаат и за усовршување, како на своето образование, така и на образовниот процес.

Согласно потребите на организацијата, СП ФИНКИ објавува оглас за проширување на својот тим односно ангажирање на:

Графички дизајнер

 

Кои ќе бидат одговорностите на проектниот координатор?

  1. Планирање на графички решенија за промоција на настанот.
  2. Изработка на 10 дизајни за потребите на проектот

Кои се потребните вештини и квалификации?

  • Најмалку две (2) години искуство во изработка на графички решенија
  • Познавање на Photoshop, Illustrator, Figma, Canva.

Хонорарот за овој ангажман е 19 000 денари бруто износ.
Сите заинтересирани треба да аплицираат до 20.12.2024 година на [email protected]

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *