Оглас за одговорно лице на маркетинг кампања

Студентски Парламент на Факултетот за Информатички науки и Компјутерско инженерство – Скопје (СПФИНКИ – Скопје) е здружение формирано со слободно здружување на студенти и граѓани, независно од нивната национална, верска, полова припадност и заради остварување и вршење на активности со цел застапување на заеднички интереси и влијание на јавноста и јавното мислење. Мисијата ни е подобар студентски стандард, а целта ни е студентите и граѓаните да бидат обединети и заеднички да се изборат за правата кои им следуваат. Покрај обезбедување на подобри услови за студирање на факултетот, студентите како млади интелектуалци треба да се залагаат и за усовршување, како на своето образование, така и на образовниот процес.

Согласно потребите на организацијата, СП ФИНКИ објавува оглас за проширување на својот тим односно ангажирање на:

ЛИЦЕ ЗА МАРКЕТИНГ КАМПАЊА

Кои ќе бидат одговорностите на проектниот координатор?

  1. Спроведување на маркетинг кампања

Кои се потребните вештини и квалификации?

  • Искуство во спроведување на маркетинг кампањи на социјални медиуми.
  • Позмавање на META алатките.

Хонорарот за овој ангажман е 9 400 денари бруто износ.
Сите заинтересирани треба да аплицираат до 20.12.2024 година на [email protected] или дирекно во нашата канцеларија во Холот на ТМФ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *