Оглас за одговорно лице за организирање на работилница
Студентски Парламент на Факултетот за Информатички науки и Компјутерско инженерство – Скопје (СПФИНКИ – Скопје) е здружение формирано со слободно здружување на студенти и граѓани, независно од нивната национална, верска, полова припадност и заради остварување и вршење на активности со цел застапување на заеднички интереси и влијание на јавноста и јавното мислење. Мисијата ни е подобар студентски стандард, а целта ни е студентите и граѓаните да бидат обединети и заеднички да се изборат за правата кои им следуваат. Покрај обезбедување на подобри услови за студирање на факултетот, студентите како млади интелектуалци треба да се залагаат и за усовршување, како на своето образование, така и на образовниот процес.
Согласно потребите на организацијата, СП ФИНКИ објавува оглас за проширување на својот тим односно ангажирање на:
ОДГОВОРНО ЛИЦЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА РАЍБОТИЛНИЦИ
Кои ќе бидат одговорностите на проектниот координатор?
- Осмислување на текот на работилниците
- Водење на 2 работилници
- Едукација за рециклирање на материјали
Кои се потребните вештини и квалификации?
- Познавање на областа Образование, односно добро разбирање на образовните политики, прашања, и трендови, со посебен фокус на предизвици во образованието.
- Умешност за пренесување на знаење
- Големо познвање во областа со екологијата и рециклирање
* Предност ќе имаат наставници.
Хонорар за вкупниот ангажман е 36 000 денари бруто износ.
Сите заинтересирани треба да аплицираат до 20.12.2024 година на [email protected]