Оглас за проектен кординатор (Еко Арт)
Студентски Парламент на Факултетот за Информатички науки и Компјутерско инженерство – Скопје (СПФИНКИ – Скопје) е здружение формирано со слободно здружување на студенти и граѓани, независно од нивната национална, верска, полова припадност и заради остварување и вршење на активности со цел застапување на заеднички интереси и влијание на јавноста и јавното мислење. Мисијата ни е подобар студентски стандард, а целта ни е студентите и граѓаните да бидат обединети и заеднички да се изборат за правата кои им следуваат. Покрај обезбедување на подобри услови за студирање на факултетот, студентите како млади интелектуалци треба да се залагаат и за усовршување, како на своето образование, така и на образовниот процес.
Согласно потребите на организацијата, СП ФИНКИ објавува оглас за проширување на својот тим односно ангажирање на:
ПРОЕКТЕН КОРДИНАТОР
Кои ќе бидат одговорностите на проектниот координатор?
- Планирање и координација: Подготовка на проектни планови, организирање и имплементација на проектни активности, следење и управување со проектни активности.
- Управување со ресурси: Организација на проектните ресурси (финансиски, технички, човечки), контрола на буџетот и следење на трошоците
- Комуникација: Одржување на добра комуникација со вкучените страни, обезбедување редовна комуникација и пренос на информации, како и навремено информирање за напредокот на проектот.
- Управување со ризици: Идентификација и намалување на ризици со превентивни мерки.
- Контрола на квалитет: Следење на квалитетот на проектните активности и осигурување дека сите активности на проектот се во согласност со барањата за квалитет и стандарди.
- Поддршка на тимот: Менаџирање на проектниот асистент, поттикнувајќи тимска работа и ефикасност.
Во рамки на своите задолженија, кандидатот се очекува проактивно да презема лидерска улога во обезбедување на континуирана менторска поддршка на проектните асистенти и организирање на процеси на пренесување на организациско и проектно знаење.
Кои се потребните вештини и квалификации?
- Најмалку две (2) години искуство во управување со проекти, по можност во образование и/или невладини организации.
- Познавање на областа Образование, односно добро разбирање на образовните политики, прашања, и трендови, со посебен фокус на предизвици во образованието.
- Способност за планирање и координација на активности, следење рокови, и управување со ресурси.
- Искуство во работа со институции или работа на сродни тематики.
- Искуство во подготовка на концепти, идеи за проекти и проектни активности.
- Одлични вештини за комуникација и презентација на идеи, како во пишана така и во усна форма.
- Способност за анализа на податоци, проценка на влијанието и евалуација на активности.
- Искуство и знаење во користење дигитални алатки како што се Microsoft Office, Google Drive, Mentimetter и Microsoft Teams.
- Способност за работа во мултидисциплинарен тим и воспоставување позитивни релации со сите засегнати страни..
- Одлично познавање на англискиот јазик.
- Искуството во координирање на консултантски тимови во дигитална (онлајн) средина ќе се смета за предност.