Историјат

2020
24.12.2020
Крводарителска акција

Како општествено одговорна организација СП ФИНКИ традиционално секоја година организира крводарителска акција во соработка со Црвениот Крст на Република Македонија и Општинската организација на Црвен Крст Карпош. На овогодинешната акција се почитуваа мерките за заштита од COVID19.

14.12.2020
DIGIT

Digit има за цел да создаде млад кадар кој може да допринесе дизајнот на мобилните апликации да се подобри, да се унапредат и да се олесни за навигација. Digit се одржа од 14.12 до 18.12.2020 година, по 6ти пат, при што технологијата која ќе ја изучуваат и користи при изработка на задачите е за изработка на мобилна апликација, односно Android Studio. Овогодинешното издание е онлине.

11.12.2020
Хакатон за земјоделие и агрикултура

Хакатонот #ReFRESH: Agriculture имаат за цел со вклучување на академската ИКТ фела, компаниите, сорабoтниците, нашите партнери и студентите од различни факултети и универзитети имаат за цел создавање на производи за полесно работење, со кои сакаме да ги надминеме проблемите со кои се соочуваат компаниите и да ги потенцираме приоритетите на нашите корисници, но и можностите на креаторите на производите.

04.12.2020
Хакатон за туризам

Хакатонот #ReFRESH: Tourism имаат за цел со вклучување на академската ИКТ фела, компаниите, сорабoтниците, нашите партнери и студентите од различни факултети и универзитети имаат за цел создавање на производи за полесно работење, со кои сакаме да ги надминеме проблемите со кои се соочуваат компаниите и да ги потенцираме приоритетите на нашите корисници, но и можностите на креаторите на производите.

01.12.2020
Get in The Ring

GITR е натпревар за социјални иновации и претприемништво каде што победничката идеја ќе ја претставува Македонија на глобалниот натпревар во Канада.

07.2020
Мој Психијатар (epsihijatar.mk)

Е-Психијатар е онлајн платформа, која нуди психолошка поддршка на граѓаните на кои им е потребна. Kлиентите со помош на своите паметни уреди можат да се поврзат и да изберат еден од најдобрите македонски психијатри кои се дел од нашата платформата. Сесиите се целосно обезбедени и заштитени, а клиентите можат да изберат дали сакаат да останат анонимни или да го покажат својот идентитет.Оваа платформа беше развиена за време на пандемијата со Covid-19, со цел да им се помогне на граѓаните на кои им е потребна ваква поддршка за време на нивната борба со пандемијата.

2019
2019
ICT for Urban Resilience

Подобрување на урбаната еластичност и јавни услуги и планирање преку нови технологии заедно со УНДП

12.2019
DIGIT React

Digit React e 6-дневна работилница за напредни веб-страници, каде што учесниците имаа задача да создадат веб-страница на заедницата Front-End за владини или невладини организации.
Учествуваа 36 студенти и во текот на целата недела работеа на своите решенија со постојано водство од стручните ментори.

12.2019
Крводарителска акција

Како општествено одговорна организација СП ФИНКИ традиционално секоја година организира хуманитарна и крводарителска акција во соработка со Црвениот Крст на Република Македонија и Општинската организација на Црвен Крст Карпош. Традиционално се донираат над 100 единици крв, големи количества на храна и облека за помош на ранливите категории во Република Македонија.

11.2019
На пица со NEBIZ

Неформална дружба помеѓу вработените од компанијата NEBIZ и студентите на ФИНКИ

10.2019
Мотивациски викенд

Мотивациски викенд е семинар организиран од СП ФИНКИ каде се обработуваат тренинзи и работни сесии на теми од области како меки вештини, лидерски вештини и тим билдинг вештини. На семинарот земаат учество повеќе од 100 студенти кои за време на викендот се стекнуваат со знаења корисни при реализирањето на нивните идни проекти, и притоа се стекнваат со вештини кои се потребни за целосно оформување како идни млади инженери. 

Mотивациските викенди се одржанa во планинарскиот дом „Вртешка“.

09.2019
Информативен настан за студентите од прав година: ФИНКИ - Hacked

"ФИНКИ - Hacked" (Што сакам да знам за ФИНКИ? ...) претставува краток настан на кој постарите колеги од ФИНКИ ќе се обидат да дадат одговор на најважните прашања и најзбунувачките моменти со кои сите од нас се среќаваат како нови студенти на факултетот.

08.2019
Отворен ден на ФИНКИ

Настан наменет за идните студенти на ФИНКИ, каде тие имаат можност директно да се запознаат со можностите, просториите и опремата за студирање, студиските програми и наставниот кадар на Факултетот. Отворениот ден се одржува во просториите на ФИНКИ  на техничко-технолошкиот кампус.

05.2019
Крводарителска акција

Како општествено одговорна организација СП ФИНКИ традиционално секоја година организира хуманитарна и крводарителска акција во соработка со Црвениот Крст на Република Македонија и Општинската организација на Црвен Крст Карпош. Традиционално се донираат над 100 единици крв, големи количества на храна и облека за помош на ранливите категории во Република Македонија.

05.2019
FINKI game:ON 2019
Турнирот се состои од тимски (5v5) натпреварувања во игрите DOTA и CS:GO и индивидуални (1v1) натпреварувања во игрите FIFA, TEKKEN и HEARTHSTONE.
Целта на овој мал настан е преку дружење да ги зближи студентите, да ги одмори и релаксира пред претстојните колоквиуми и испити и секако симболично да ги награди најдобрите.
04.2019
Приматијада 2019 - Златни Песоци

Приматијада е петдневен настан, кој се одржува од 1974 година. Секоја година, учесниците од природно математичките факултети и факултетите за информатиката од територија на поранешна Југолсавија се собираат на едно место со главна цел, размена на искуства и вмрежување. Тие можат да учествуваат во двата дела на настанот, едукација и спорт. Оние, кои учествуваат во едукативниот дел, го претставуваат својот научен труд, од областа на хемијата, биологијата, физиката, математиката и информатиката. Од друга страна, оние кои учествуваат во спортскиот дел се натпреваруваат во фудбал, кошарка, ракомет, одбојкарски игри, пинг-понг како и во шах.

04.2019
NASA Space Apps Challenge Macedonia

СП ФИНКИ е ко-организатор на дводневниот интернационалниот хакатон "NASA Space Apps Challenge".

Учесниците на настанот се тимови од технолози, научници, програмери, дизајнери, артисти, претприемачи и студенти низ целиот свет, кои соработуваат и се поврзуваат со јавно достапни информации за да дизајнираат иновативни решенија за глобални предизвици. Овој натпревар е отворен за студенти по програмирање и дизајн, но и за оние од природните науки - биологија, хемија, физика, географија, како и за останатите општествени науки, затоа што станува збор за комплексна тематика каде што се потребни познавања од повеќе области и поседување повеќе вештини за презентација на проектот. 

Најдобрите тимови имаат можност да влезат во Европската програма за акцелерирање на проектите, која што им помага да ги реализираат своите проекти.

04.2019
Саем за вработување и пракса - „Kонтакт“

Контакт е тридневен саем за вработување и пракса организиран од Организационен одбор, составен од студентските парламенти на ФЕИТ и ФИНКИ, со целосна подршка од техничките факултети каде што дејствуваат. Името на саемот е одраз на неговата главна цел: преку заедничките интереси на студентите и компаниите са се оствари Контакт кој подоцна би резултирал со можности за идно вработување или пракса. Контакт се одржува во склоп на факултетскиот кампус на техничките факултети со цел истиот да биде масовно посетен. Преку 3000 студенти од техничкиот кампус секојдневно поминуваат низ истиот простор каде се поставени штандовите на компаниите. Ова на студентите им овозможува дитектен контакт со компаниите и нивните побарувања. 

 

04.2019
OpenHouse во MCA

Во просториите на компанијата група студенти кои се заинтересирани за таа компанија одат на неформална посета. Компанијата обезбедува пиво за да ја скрши бариерата која постои меѓу студентите и компаниите. На посетата има околу 30 студенти од ФИНКИ.

2019
Technical support – Interactive questionnaire towards perceptions and attitudes of the public towards climate change

Client: UNDP MK

30.03.2019
Роденден на ФИНКИ
Осми роденден на ФИНКИ

Организатори на роденденот на Факултетот за Информатички науки и Компјутерско инженерство

2019
Visualization of Open Data — The future of decision-making in the public sector - PowerBi

Client: SmartUp - Social Innovation Lab, end-client: UNDP MK

2018
12.2018
Крводарителска Акција на ФИНКИ

Како општествено одговорна организација СП ФИНКИ традиционално секоја година организира хуманитарна и крводарителска акција во соработка со Црвениот Крст на Република Македонија и Општинската организација на Црвен Крст Карпош. Традиционално се донираат над 100 единици крв, големи количества на храна и облека за помош на ранливите категории во Република Македонија.

11.2018
На пиво со Intertec

Во просториите на компанијата група студенти кои се заинтересирани за таа компанија одат на неформална посета. Компанијата обезбедува пиво за да ја скрши бариерата која постои меѓу студентите и компаниите. На посетата има околу 30 студенти од ФИНКИ.

10.2018
Мотивациски викенд

Мотивациски викенд е семинар организиран од СП ФИНКИ каде се обработуваат тренинзи и работни сесии на теми од области како меки вештини, лидерски вештини и тим билдинг вештини. На семинарот земаат учество повеќе од 100 студенти кои за време на викендот се стекнуваат со знаења корисни при реализирањето на нивните идни проекти, и притоа се стекнваат со вештини кои се потребни за целосно оформување како идни млади инженери. 

Mотивациските викенди се одржанa во планинарскиот дом „Смрека“, лоциран на Попова Шапка.

10.2018
DIGIT Angular

Digit Angular е 5-дневна работилница за напредни веб-страници, каде учесниците имаа задача да создадат веб-страница за заедницата односно за владини или невладини организации.
Учествуваа 30 студенти и во текот на целата недела работеа на своите решенија со постојано водство од стручни ментори.

10.2018
NASA Space Apps Challenge Macedonia

СП ФИНКИ е ко-организатор на дводневниот интернационалниот хакатон "NASA Space Apps Challenge".

Учесниците на настанот се тимови од технолози, научници, програмери, дизајнери, артисти, претприемачи и студенти низ целиот свет, кои соработуваат и се поврзуваат со јавно достапни информации за да дизајнираат иновативни решенија за глобални предизвици. Овој натпревар е отворен за студенти по програмирање и дизајн, но и за оние од природните науки - биологија, хемија, физика, географија, како и за останатите општествени науки, затоа што станува збор за комплексна тематика каде што се потребни познавања од повеќе области и поседување повеќе вештини за презентација на проектот. 

Најдобрите тимови имаат можност да влезат во Европската програма за акцелерирање на проектите, која што им помага да ги реализираат своите проекти.

08.2018
Отворен ден на ФИНКИ

Настан наменет за идните студенти на ФИНКИ, каде тие имаат можност директно да се запознаат со можностите, просториите и опремата за студирање, студиските програми и наставниот кадар на Факултетот. Отворениот ден се одржува во просториите на ФИНКИ  на техничко-технолошкиот кампус.

08.2018
FINKI ILT 2018#2 DevOps

Вториот по ред FINKI ILT ќе биде насочен кон споделување на искуствата во областа на DevOps. Компаниите, заедно со ФИНКИ ќе ги презентираат своите искуства во насока на автоматизацијата на процесите на развој, тестирање и продукциска околина, како и користењето на различните алатки и платформи. 29-31.05.2018

04.2018
Проекти со ФИНКИ Теч Клубот

ФИНКИ Теч Клуб е студентска иницијатива од студентите на факултетот кои сакаат да научат работи за напредни ИКТ теми. Во 2018 година, Технички клуб, заедно со Студентскиот парламент и Факултетот започнаа да организираат повеќе презентации во врска со трендовите во информатичката индустрија.

04.2018
Приматијада 2018 - Будва

Приматијада е петдневен настан, кој се одржува од 1974 година. Секоја година, учесниците од природно математичките факултети и факултетите за информатиката од територија на поранешна Југолсавија се собираат на едно место со главна цел, размена на искуства и вмрежување. Тие можат да учествуваат во двата дела на настанот, едукација и спорт. Оние, кои учествуваат во едукативниот дел, го претставуваат својот научен труд, од областа на хемијата, биологијата, физиката, математиката и информатиката. Од друга страна, оние кои учествуваат во спортскиот дел се натпреваруваат во фудбал, кошарка, ракомет, одбојкарски игри, пинг-понг како и во шах.

04.2018
Саем за вработување и пракса - „Kонтакт“

Контакт е тридневен саем за вработување и пракса организиран од Организационен одбор, составен од студентските парламенти на ФЕИТ и ФИНКИ, со целосна подршка од техничките факултети каде што дејствуваат. Името на саемот е одраз на неговата главна цел: преку заедничките интереси на студентите и компаниите са се оствари Контакт кој подоцна би резултирал со можности за идно вработување или пракса. Контакт се одржува во склоп на факултетскиот кампус на техничките факултети со цел истиот да биде масовно посетен. Преку 3000 студенти од техничкиот кампус секојдневно поминуваат низ истиот простор каде се поставени штандовите на компаниите. Ова на студентите им овозможува дитектен контакт со компаниите и нивните побарувања. 

 

04.2018
Како да напишете добра дипломска работа и научни трудови

СПФИНКИ го организираше овој курс на иницијатива на студенти од факултетот, да промовира добро пишување на диплномски и научни трудови и да одговори на сите прашања што ги имаат студентите во врска со нивната теза за диплома, области на истражување што ги интересираат или соодветни начини да напишат трудови за истражување.

30.03.2018
Роденден на ФИНКИ
Седми роденден на ФИНКИ

Организатори на роденденот на Факултетот за Информатички науки и Компјутерско инженерство

03.2018
Крводарителска акција

Како општествено одговорна организација СП ФИНКИ традиционално секоја година организира хуманитарна и крводарителска акција во соработка со Црвениот Крст на Република Македонија и Општинската организација на Црвен Крст Карпош. Традиционално се донираат над 100 единици крв, големи количества на храна и облека за помош на ранливите категории во Република Македонија.

2018
Управување со кризи

Управување со кризи е високо иновативна нова мобилна апликација што треба да даде голем придонес за јавната безбедност. Апликацијата обезбедува пристап до детални информации за опасни настани како земјотреси, поплави и пожари и потенцијални опасности како што се насилни грмотевици и обилни снежни врнежи.

2018
FINKI Industry Learn & Talk

Првиот FINKI ILT 2018#1 насловен “Cloud Days” ќе се одржи од 13 дo 15 февруари, каде вработените во ИКТ секторот и Tech-ентузијастите ќе се фокусираат на cloud технологијата. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со нови технологии и да разменат искуства преку интеракција со компании кои работат директно со  cloud технологиите.

Настанот ќе опфаќа теми како што се cloud architecture и cloud провајдери, микросервиси, и serverless architecture. Процесот на споделување на знаења ќе се реализира во форма на работилници, со презентации и практични демонстрации од страна на предавачите, на нивните искуства со користењето на овие IT технологии, како и дискусии и сесии со прашања и одговори со публиката. Како што укажува самото име, целта е учесниците да научат преку дискусија.

2018
GARB

Мобилна апликација за социјална иновација која се справува со проблемот со отпад, ја зголемува еко-свеста и ги подобрува односите меѓу сите чинители во еко-системот.

2018
Моја Општина

Апликацијата „Моја општина“ овозможува креирање и одговарање на анкети наменети за граѓаните во сите општини на Република Македонија како решение за веб и мобилна апликација. Главната цел на апликацијата е да се подигне свеста на локалната самоуправа за реалните проблеми што ги имаат жителите во нивната општина

02.2018
Games and Politics

СПФИНКИ и ФИНКИ беа домаќини на 18-дневната интерактивна изложба на видео игри - игри и политика, организирана од Гете институт во Скопје. Изложбата ги портретира игрите како начин на социјално изразување, уметност и преку игри на посетителот го открива политичкиот потенцијал на развојот на играта. Посетителите самите се гејмери и треба да го искусат и изразат впечатокот што игрите го имаат врз нив.

2018
PrespaVille Game

Главната цел на играта е зголемување на свеста на земјоделците за погрешните активности што тој ги направил за време на игрите, информирајќи за негативното влијание врз почвата, како што се загадувањето, ерозијата и негативниот резултат на крајниот принос на јаболко. Преспа Вил е типична сериозна игра со посебна целна група, земјоделци во Преспа.

2018
Намалување на загадувањето во Ресен користејќи СМС и Facebook

Развиен иновативен систем за известување за СМС и Фејсбук кој ги информира земјоделците за најновите ажурирања по контролата од агрометеоролошките станици за соларно напојување и бројни замки на феромони од инсекти.

2017
11.2017
Крводарителска акција

Како општествено одговорна организација СП ФИНКИ традиционално секоја година организира хуманитарна и крводарителска акција во соработка со Црвениот Крст на Република Македонија и Општинската организација на Црвен Крст Карпош. Традиционално се донираат над 100 единици крв, големи количества на храна и облека за помош на ранливите категории во Република Македонија.

10.2017
Да патуваме заедно

Да Патуваме Заедно! (25.10-26.10) е експо за туристички агенции и младински организации кое има за цел да донесе најдобри можности за патување за сите студенти, пред се студентите од техничкиот кампус, но и за сите студенти во Македонија.

10.2017
Мотивациски викенд

Мотивациски викенд е семинар организиран од СП ФИНКИ каде се обработуваат тренинзи и работни сесии на теми од области како меки вештини, лидерски вештини и тим билдинг вештини. На семинарот земаат учество повеќе од 100 студенти кои за време на викендот се стекнуваат со знаења корисни при реализирањето на нивните идни проекти, и притоа се стекнваат со вештини кои се потребни за целосно оформување како идни млади инженери. 

Mотивациските викенди се одржанa во планинарскиот дом „Смрека“, лоциран на Попова Шапка.

2017
My Skopje

Мобилна апликација која дава информации за Скопје на едно место. Дава информации за: информации за возен ред на ЈСП, места за паркирање, продавници за билети на ЈСП, такси компании и велосипедски правци

08.2017
Отворен ден на ФИНКИ

Настан наменет за идните студенти на ФИНКИ, каде тие имаат можност директно да се запознаат со можностите, просториите и опремата за студирање, студиските програми и наставниот кадар на Факултетот. Отворениот ден се одржува во просториите на ФИНКИ  на техничко-технолошкиот кампус.

04.2017
NASA Space Apps Challenge Macedonia

СП ФИНКИ е ко-организатор на дводневниот интернационалниот хакатон "NASA Space Apps Challenge".

Учесниците на настанот се тимови од технолози, научници, програмери, дизајнери, артисти, претприемачи и студенти низ целиот свет, кои соработуваат и се поврзуваат со јавно достапни информации за да дизајнираат иновативни решенија за глобални предизвици. Овој натпревар е отворен за студенти по програмирање и дизајн, но и за оние од природните науки - биологија, хемија, физика, географија, како и за останатите општествени науки, затоа што станува збор за комплексна тематика каде што се потребни познавања од повеќе области и поседување повеќе вештини за презентација на проектот. 

Најдобрите тимови имаат можност да влезат во Европската програма за акцелерирање на проектите, која што им помага да ги реализираат своите проекти.

04.2017
Приматијада 2017 - Чањ

Приматијада е петдневен настан, кој се одржува од 1974 година. Секоја година, учесниците од природно математичките факултети и факултетите за информатиката од територија на поранешна Југолсавија се собираат на едно место со главна цел, размена на искуства и вмрежување. Тие можат да учествуваат во двата дела на настанот, едукација и спорт. Оние, кои учествуваат во едукативниот дел, го претставуваат својот научен труд, од областа на хемијата, биологијата, физиката, математиката и информатиката. Од друга страна, оние кои учествуваат во спортскиот дел се натпреваруваат во фудбал, кошарка, ракомет, одбојкарски игри, пинг-понг како и во шах.

04.2017
Саем за вработување и пракса - „Kонтакт“

Контакт е тридневен саем за вработување и пракса организиран од Организационен одбор, составен од студентските парламенти на ФЕИТ и ФИНКИ, со целосна подршка од техничките факултети каде што дејствуваат. Името на саемот е одраз на неговата главна цел: преку заедничките интереси на студентите и компаниите са се оствари Контакт кој подоцна би резултирал со можности за идно вработување или пракса. Контакт се одржува во склоп на факултетскиот кампус на техничките факултети со цел истиот да биде масовно посетен. Преку 3000 студенти од техничкиот кампус секојдневно поминуваат низ истиот простор каде се поставени штандовите на компаниите. Ова на студентите им овозможува дитектен контакт со компаниите и нивните побарувања. 

 

2017
Prv.mk

Апликација што ги информира младите за најновите можности за работа

30.03.2017
Роденден на ФИНКИ
Шестиот роденден на ФИНКИ

Организатори на роденденот на Факултетот за Информатички науки и Компјутерско инженерство

2016
11.2016
Digit Web

Digit Web е 5-дневна работилница за напредно веб-дизајнирање, каде што учесниците имаа задача да создадат веб-страница и веб платформи. 36 студенти учествуваа на „Дигит веб“ и во текот на целата недела и работеа на своите решенија со постојано водство од стручни тим ментори.
Освен практичната примена на нивното знаење, учесниците беа запознаени со корисни нови технологии и важни работи што треба да ги имате предвид при изработка на веб-страница, од страна на професори и развивачи од индустријата кои одржуваа презентации секој ден од работилницата.

11.2016
Крводарителска акција

Како општествено одговорна организација СП ФИНКИ традиционално секоја година организира хуманитарна и крводарителска акција во соработка со Црвениот Крст на Република Македонија и Општинската организација на Црвен Крст Карпош. Традиционално се донираат над 100 единици крв, големи количества на храна и облека за помош на ранливите категории во Република Македонија.

11.2016
ReFresh "F5" hackathon

ReFresh „F5“ е тридневен хакатон за развој на мобилни апликации со решенија за еколошки проблеми.
Ова е прв ваков настан од ваков вид организиран од иницијатива на студентски претставници на парламентот и професорите на факултетот. Целта на настанот беше да се соберат програмери и активисти за животна средина, да се откријат опасни еко проблеми во животната средина и да се работи на креативно решение за тој проблем користејќи ги можностите што ги нудат мобилните телефони.

10.2016
Мотивациски викенд

Мотивациски викенд е семинар организиран од СП ФИНКИ каде се обработуваат тренинзи и работни сесии на теми од области како меки вештини, лидерски вештини и тим билдинг вештини. На семинарот земаат учество повеќе од 100 студенти кои за време на викендот се стекнуваат со знаења корисни при реализирањето на нивните идни проекти, и притоа се стекнваат со вештини кои се потребни за целосно оформување како идни млади инженери. 

Mотивациските викенди се одржанa во одморалиштето дом „Шула мина“, лоциран во Крушево.

08.2016
Отворен ден на ФИНКИ

Настан наменет за идните студенти на ФИНКИ, каде тие имаат можност директно да се запознаат со можностите, просториите и опремата за студирање, студиските програми и наставниот кадар на Факултетот. Отворениот ден се одржува во просториите на ФИНКИ  на техничко-технолошкиот кампус.

06.2016
DOTA 2 турнир

Турнирот во DOTA 2 е четиридневен настан организиран од СП ФИНКИ, отворен за сите љубители на е-спортот, односно играта DOTA 2. Учесниците се поделени во тимови кои се натпреварувачите во два дела. Првиот дел од турнирот се одржува online каде се прави селекција на финалистите, додека пак вториот дел се одржува на опремени простории каде се избира и победникот.

06.2016
Skopje 2 Web

Skopje 2 WEB е тридневна работилница за веб дизајн организирана од страна на СП ФИНКИ и поддржана од град Скопје. На оваа работилница можат да учествуваат средношколци кои што учат во некоја од гимназиите во градот Скопје, се втора, трета или  четврта година и се заинтересирани да добијат поголемо знаење во делот на веб дизајн и работа со HTML и CSS. Како резултат на оваа обука, учесниците ќе треба да создадат едноставна веб страна која што ќе прикажува информации за некој дел од градот, која што ќе биде информативна и интересна за граѓаните, но и туристите кои што го посетуваат градот Скопје.

04.2016
NASA Space Apps Challenge Macedonia

СП ФИНКИ е ко-организатор на дводневниот интернационалниот хакатон "NASA Space Apps Challenge".

Учесниците на настанот се тимови од технолози, научници, програмери, дизајнери, артисти, претприемачи и студенти низ целиот свет, кои соработуваат и се поврзуваат со јавно достапни информации за да дизајнираат иновативни решенија за глобални предизвици. Овој натпревар е отворен за студенти по програмирање и дизајн, но и за оние од природните науки - биологија, хемија, физика, географија, како и за останатите општествени науки, затоа што станува збор за комплексна тематика каде што се потребни познавања од повеќе области и поседување повеќе вештини за презентација на проектот. 

Најдобрите тимови имаат можност да влезат во Европската програма за акцелерирање на проектите, која што им помага да ги реализираат своите проекти.

04.2016
Приматија 2016 - Албена

Приматијада е петдневен настан, кој се одржува од 1974 година. Секоја година, учесниците од природно математичките факултети и факултетите за информатиката од територија на поранешна Југолсавија се собираат на едно место со главна цел, размена на искуства и вмрежување. Тие можат да учествуваат во двата дела на настанот, едукација и спорт. Оние, кои учествуваат во едукативниот дел, го претставуваат својот научен труд, од областа на хемијата, биологијата, физиката, математиката и информатиката. Од друга страна, оние кои учествуваат во спортскиот дел се натпреваруваат во фудбал, кошарка, ракомет, одбојкарски игри, пинг-понг како и во шах.

04.2016
Саем за вработување и пракса - „Kонтакт“

Контакт е тридневен саем за вработување и пракса организиран од Организационен одбор, составен од студентските парламенти на ФЕИТ и ФИНКИ, со целосна подршка од техничките факултети каде што дејствуваат. Името на саемот е одраз на неговата главна цел: преку заедничките интереси на студентите и компаниите са се оствари Контакт кој подоцна би резултирал со можности за идно вработување или пракса. Контакт се одржува во склоп на факултетскиот кампус на техничките факултети со цел истиот да биде масовно посетен. Преку 3000 студенти од техничкиот кампус секојдневно поминуваат низ истиот простор каде се поставени штандовите на компаниите. Ова на студентите им овозможува дитектен контакт со компаниите и нивните побарувања. 

 

30.03.2016
Роденден на ФИНКИ
Петти роденден на ФИНКИ

Организатори на роденденот на Факултетот за Информатички науки и Компјутерско инженерство

2015
11.2015
Мотивациски викенд

Мотивациски викенд е семинар организиран од СП ФИНКИ каде се обработуваат тренинзи и работни сесии на теми од области како меки вештини, лидерски вештини и тим билдинг вештини. На семинарот земаат учество повеќе од 100 студенти кои за време на викендот се стекнуваат со знаења корисни при реализирањето на нивните идни проекти, и притоа се стекнваат со вештини кои се потребни за целосно оформување како идни млади инженери. 

Mотивациските викенди се одржанa во планинарскиот дом „Смрека“, лоциран на Попова Шапка.

11.2015
Крводарителска акција

Како општествено одговорна организација СП ФИНКИ традиционално секоја година организира хуманитарна и крводарителска акција во соработка со Црвениот Крст на Република Македонија и Општинската организација на Црвен Крст Карпош. Традиционално се донираат над 100 единици крв, големи количества на храна и облека за помош на ранливите категории во Република Македонија.

08.2015
Отворен ден на ФИНКИ

Настан наменет за идните студенти на ФИНКИ, каде тие имаат можност директно да се запознаат со можностите, просториите и опремата за студирање, студиските програми и наставниот кадар на Факултетот. Отворениот ден се одржува во просториите на ФИНКИ  на техничко-технолошкиот кампус.

06.2015
Менаџирање на проекти и работа на реален проект

Дводневен семинар организиран од страна на СП ФИНКИ и СП ФЕИТ. 

На семинарот претставници на компании и успешни личности од ИТ секторот држеа мотивациони говори и говореа за нивниот пат до успехот.

Семинарот  вклучуваше и дискусија за идеи за како да се направи успешен проект.

05.2015
Digit 3D

Digit 3D е работилница за 3D моделирање и анимација во која учесниците имаат прилика да поминат низ процесот на создавање на еден анимиран карактер, од скица до видео тизер за филм во кој би се појавил карактерот. Како подготовка за оваа работилница учесниците имаа предавања за запознавање со основите на 3D моделирањето.

Во текот на работилниците, DIGIT на учесниците ќе им нуди продлабочување и дооформување на знаењата стекнати преку формалното образование, а воедно нуди и практична работа на реални проблеми.

04.2015
NASA Space Apps Challenge Macedonia

СП ФИНКИ е ко-организатор на дводневниот интернационалниот хакатон "NASA Space Apps Challenge".

Учесниците на настанот се тимови од технолози, научници, програмери, дизајнери, артисти, претприемачи и студенти низ целиот свет, кои соработуваат и се поврзуваат со јавно достапни информации за да дизајнираат иновативни решенија за глобални предизвици. Овој натпревар е отворен за студенти по програмирање и дизајн, но и за оние од природните науки - биологија, хемија, физика, географија, како и за останатите општествени науки, затоа што станува збор за комплексна тематика каде што се потребни познавања од повеќе области и поседување повеќе вештини за презентација на проектот. 

Најдобрите тимови имаат можност да влезат во Европската програма за акцелерирање на проектите, која што им помага да ги реализираат своите проекти.

04.2015
Приматијада 2015 - Балатон

Приматијада е петдневен настан, кој се одржува од 1974 година. Секоја година, учесниците од природно математичките факултети и факултетите за информатиката од територија на поранешна Југолсавија се собираат на едно место со главна цел, размена на искуства и вмрежување. Тие можат да учествуваат во двата дела на настанот, едукација и спорт. Оние, кои учествуваат во едукативниот дел, го претставуваат својот научен труд, од областа на хемијата, биологијата, физиката, математиката и информатиката. Од друга страна, оние кои учествуваат во спортскиот дел се натпреваруваат во фудбал, кошарка, ракомет, одбојкарски игри, пинг-понг како и во шах.

04.2015
Саем за вработување и пракса - „Kонтакт“

Контакт е тридневен саем за вработување и пракса организиран од Организационен одбор, составен од студентските парламенти на ФЕИТ и ФИНКИ, со целосна подршка од техничките факултети каде што дејствуваат. Името на саемот е одраз на неговата главна цел: преку заедничките интереси на студентите и компаниите са се оствари Контакт кој подоцна би резултирал со можности за идно вработување или пракса. Контакт се одржува во склоп на факултетскиот кампус на техничките факултети со цел истиот да биде масовно посетен. Преку 3000 студенти од техничкиот кампус секојдневно поминуваат низ истиот простор каде се поставени штандовите на компаниите. Ова на студентите им овозможува дитектен контакт со компаниите и нивните побарувања. 

 

30.03.2015
Роденден на ФИНКИ
Четврт роденден на ФИНКИ

Организатори на роденденот на Факултетот за Информатички науки и Компјутерско инженерство

2015
Skopje Green Route

Апликацијата им нуди на патниците во Скопје да дојдат до сите информации што им се потребни за да ги испланираат најбрзите, најевтините и најеколошките правци до дестинациите во главниот град. Податоците за емисиите на јаглерод им помагаат на патниците да направат „најзелен“ избор.

2014
11.2014
Мотивациски викенд

Мотивациски викенд е семинар организиран од СП ФИНКИ каде се обработуваат тренинзи и работни сесии на теми од области како меки вештини, лидерски вештини и тим билдинг вештини. На семинарот земаат учество повеќе од 100 студенти кои за време на викендот се стекнуваат со знаења корисни при реализирањето на нивните идни проекти, и притоа се стекнваат со вештини кои се потребни за целосно оформување како идни млади инженери. 

Mотивациските викенди се одржанa во планинарскиот дом „Смрека“, лоциран на Попова Шапка.

11.2014
Крводарителска акција

Како општествено одговорна организација СП ФИНКИ традиционално секоја година организира хуманитарна и крводарителска акција во соработка со Црвениот Крст на Република Македонија и Општинската организација на Црвен Крст Карпош. Традиционално се донираат над 100 единици крв, големи количества на храна и облека за помош на ранливите категории во Република Македонија.

10.2014
Информатијада 2014

Информатијада е петдневен интернационален настан, прв од ваков вид, со иновативен, натпреварувачки и едукативен карактер.

Учесниците на овој настан се студенти од информатичките факултети на Балканот, но и пошиороко од цела Европа. Tие имаат можност да ги покажат своите вештини за развивање на продукти и работа со иновации, под водство на врвни експерти од ИТ индустријата како нивни ментори. Со цел да се унапреди натпреварувачкиот дух, се организираат повеќе научни и спортски натпревари, како и разни case study предложени од компаниите. 

СП ФИНКИ, како главен организатор, ја има целосната поддршка од сите информатички факултети во Македонија, како и поддршка од повеќе факултети од Балканот, при што Информатијада 2014 која се одржа во хотел „Десарет„ во Охрид броеше околку 400 учесници.

 

09.2014
Unemployed today Entrepreneur tomorow

Како коорганизатори на настанот ја остваривме целта на работилницата која беше  да ги запознае учесниците со начините на изработка на бизнис план, формирање старт-ап бизниси, развивање и управување на бизнисот и негово пробивање на пазарот. Главната тема на бизнис плановите кои се изработуваа беа фирми кои би развиле идеја за мобилна апликација која би го подобрила здравството.

08.2014
Отворен ден на ФИНКИ

Настан наменет за идните студенти на ФИНКИ, каде тие имаат можност директно да се запознаат со можностите, просториите и опремата за студирање, студиските програми и наставниот кадар на Факултетот. Отворениот ден се одржува во просториите на ФИНКИ  на техничко-технолошкиот кампус.

04.2014
Приматијада 2014 - Златни Песоци

Приматијада е петдневен настан, кој се одржува од 1974 година. Секоја година, учесниците од природно математичките факултети и факултетите за информатиката од територија на поранешна Југолсавија се собираат на едно место со главна цел, размена на искуства и вмрежување. Тие можат да учествуваат во двата дела на настанот, едукација и спорт. Оние, кои учествуваат во едукативниот дел, го претставуваат својот научен труд, од областа на хемијата, биологијата, физиката, математиката и информатиката. Од друга страна, оние кои учествуваат во спортскиот дел се натпреваруваат во фудбал, кошарка, ракомет, одбојкарски игри, пинг-понг како и во шах.

04.2014
КулТИП

Во рамките на проектот е прикажан практичен модел на вклучување на образовниот сектор преку иновации и претприемништво како одговор на потребите на културните институции за осовременување на нивното управување и на услугите. Проектот вклучува три елементи: јакнење на свеста за креативните индустрии меѓу сегашните и идните професионалци од секторот за ИТ и дизајн, практична соработка помеѓу овие сектори и создавање конкретен краен производ кој ќе се користи во модернизацијата на одбрани културни институции. Настанот вклучува и предизвик кој  треба да понуди иновативни решенија за тоа како новите технологии и иновации може да им помогнат на културните институции во нивното управување и развој на публика.

http://www.britishcouncil.mk/cultip-challenge

 http://kultip.finki.ukim.mk/

04.2014
NASA Space Apps Challenge Macedonia

СП ФИНКИ е ко-организатор на дводневниот интернационалниот хакатон "NASA Space Apps Challenge".

Учесниците на настанот се тимови од технолози, научници, програмери, дизајнери, артисти, претприемачи и студенти низ целиот свет, кои соработуваат и се поврзуваат со јавно достапни информации за да дизајнираат иновативни решенија за глобални предизвици. Овој натпревар е отворен за студенти по програмирање и дизајн, но и за оние од природните науки - биологија, хемија, физика, географија, како и за останатите општествени науки, затоа што станува збор за комплексна тематика каде што се потребни познавања од повеќе области и поседување повеќе вештини за презентација на проектот. 

Најдобрите тимови имаат можност да влезат во Европската програма за акцелерирање на проектите, која што им помага да ги реализираат своите проекти.

04.2014
Информатизација на македонското општество, новини и идни предизвици

Предавач: Министер за информатичко општество, м-р Иво Ивановски

Подршка на стартапи од страна на министерството за информатичко општество

03.2014
JobFair 2014

СП ФИНКИ беше ко-организатор на 10тото јубилејно издание на Job Fair®, односно Саемот за вработување и кариера.

Job Fair® им ја нуди можноста на студентите и дипломците да учествуваат на работилници и тренинзи со различна содржина, но сите со кариерно поврзана тематика, да стапат во директен контакт со работодавците и да се информираат за понудата и главните активности на компаниите учеснички.

Ова издание на Job Fair® во 2014 броеше 15 звучни имиња на компании, имаше посетеност од над 4000 студенти, беа одржани неколку soft skills тренинзи и предавања од кои двете заинтересирани страни, компаниите и студентите, беа презадоволни.

30.03.2014
Роденден на ФИНКИ
Трет роденден на ФИНКИ

Организатори на роденденот на Факултетот за Информатички науки и Компјутерско инженерство

03.2014
The Wolf of Macedonian Valley

Предавање за поттик на претприемачкиот дух кај студентите. Организатори и предавачи на настанот се Владимир Трајковиќ и Ирена Чаушевска.  Подршка на идеја од присутните студенти за започнување на старт ап. 

2013
11.2013
DIGIT - Design and Interactive Graphics in IT

DIGIT (Design and Interactive Graphics in IT) претставува едукативна работилница на различни теми во полето на дизајнот и програмирањето. Скратено од Design and Interactive Graphics in IT, датира уште од 2013-та година и е создаден со цел студентите од сите факултети да се здобијат со вистинско техничко знаење во овие полиња (графички, апликациски, интерактивен и било каков друг дизајн). 

Во текот на работилниците, DIGIT на учесниците ќе им нуди продлабочување и дооформување на знаењата стекнати преку формалното образование, а воедно нуди и практична работа на реални проблеми.

DIGIT e организиран од страна на СП ФИНКИ, како прв бесплатен академски настан на кој учесниците имаа можност да се запознаат со клучните вредности на графиката. Успехот на DIGIT ги надмина сите досегашни проекти од сличен карактер и овозможи посета на врвни компании од оваа област.

10.2013
Мотивациски викенд

Мотивациски викенд е семинар организиран од СП ФИНКИ каде се обработуваат тренинзи и работни сесии на теми од области како меки вештини, лидерски вештини и тим билдинг вештини. На семинарот земаат учество повеќе од 100 студенти кои за време на викендот се стекнуваат со знаења корисни при реализирањето на нивните идни проекти, и притоа се стекнваат со вештини кои се потребни за целосно оформување како идни млади инженери. 

Mотивациските викенди се одржанa во планинарскиот дом „Смрека“, лоциран на Попова Шапка.

08.2013
Отворен ден на ФИНКИ

Настан наменет за идните студенти на ФИНКИ, каде тие имаат можност директно да се запознаат со можностите, просториите и опремата за студирање, студиските програми и наставниот кадар на Факултетот. Отворениот ден се одржува во просториите на ФИНКИ  на техничко-технолошкиот кампус.

06.2013
Microsoft Development Center Serbia

Предавање од срби на факултет за презентација за претставништвото на Microsoft во Србија. Претставување на нови технологии на Microsoft .  Охрабрување студентите да се пријават на јавниот конкурс за пракса. На истиот настан се презентирани можностите кои ги нуди компанијата во однос на пракси, вработување и слично. Презентација на начинот за аплицирање во компанијата, односно сите  три круга, доставување на цв, интервју,два круга во тестирањето : тестирање по математика- прв круг, тестирање по информатика и логика во втор круг.  Предавачи од компанијата. 

30.03.2013
Роденден на ФИНКИ
Втор роденден на ФИНКИ

Организатори на роденденот на Факултетот за Информатички науки и Компјутерско инженерство

2012
08.2012
Отворен ден на ФИНКИ

Настан наменет за идните студенти на ФИНКИ, каде тие имаат можност директно да се запознаат со можностите, просториите и опремата за студирање, студиските програми и наставниот кадар на Факултетот. Отворениот ден се одржува во просториите на ФИНКИ  на техничко-технолошкиот кампус.

05.2012
Code up Level up - CALU

Речиси експонецијалниот раст на светската “smartphone” заедница последично влијае назголемениот раст на потребата од мобилни апикации. Овие фактори отвораат нови прозорци со можности за искористување на тој пазар од страна на програмерите од сите страни на светот. Имајќи ги во предвид овие светски трендови ЕЕСТЕК ЛК Скопје  во коорганизација со СП ФИНКИ организира напредна работилница на тема развој на мобилни апликации се со цел насочување на младите студенти по информатички науки кон оваа перспективна IT гранка.

“Code App, level Up 2” е семинар и практична работилница која има за цел да понуди квалитетниобуки од три области:

-Развој на мобилни апликации:

Во овој модул ќе се работи на програмерскиот дел – самото кодирање на      апликацијата во мобилните платформи – Android и iOS

-Дизајн на мобилни апликации:

Овој модул ќе се занимава со целосниот надворешен изглед на апликацијата и како таа     да се направи user-friendly.

-Претставување на истите на пазарот (претприемништво):

Бизнис делот е неизбежен при лансирање на било каков продукт.

04.2012
Како ДА

- Работилница за „меки вештини“ со која сакавме да постигнеме поголемо ниво на презентациски вештини кај студентите од техничките факултети.

30.03.2012
Роденден на ФИНКИ
Прв роденден на ФИНКИ

Организатори на првиот роденден на Факултетот за Информатички науки и Компјутерско инженерство

01.02.2012
Основачко собрание
Основање на СП ФИНКИ

Студентски Парламент на Факултетот за Информатички науки и Компјутерско инженерство - Скопје (СПФИНКИ - Скопје) е здружение формирано со слободно здружување на студенти и граѓани, независно од нивната национална, верска, полова припадност и заради остварување и вршење на активности со цел застапување на заеднички интереси и влијание на јавноста и јавното мислење.