Наши ПРОЕКТИ

DIGIT - REACT

DIGIT има за цел да создаде млад кадар кој може да допринесе дизајнот да се издигне на повисоко ниво. Во свет каде што постојат многу сајтови за информирање, не секогаш тие се читливи и лесно може да ги пронајдеме информациите што ни се потребни. React e декларативна, ефикасна и флексибилна библиотека на JavaScript за градење на кориснички интерфејси. Ви овозможува да составувате сложени интерфејси од мали изолирани парчиња код, наречени „компоненти“. Првично е развиена за Фејсбук, но бидејќи бара само минимално разбирање на HTML и JavaScript, популарноста на оваа алатка е зголемена и се користи како front-end web development алатка.

GITR -Get In The Ring

GITR е настан преку кој ќе ги доближиме новитетите на потенцијалниот пазар во земјата и странство, до новите и идни старт-ап компании. Целта на овој настан е преку помош на луѓето кои го поминале патот и стигнале до успешни старт-ап компании, со нивната пасија и тајна за успех, да поттикнеме стимул за креативни идејни решенија, а на веќе постоечките да им помогнеме во понатамошен раст и развој.

ReFRESH: Agribusiness & Tourism - Hackathons

Хакатоните #ReFRESH: Agriculture & Tourism имаат за цел со вклучување на академската ИКТ фела, компаниите, сорабoтниците, нашите партнери и студентите од различни факултети и универзитети имаат за цел создавање на производи за полесно работење, со кои сакаме да ги надминеме проблемите со кои се соочуваат компаниите и да ги потенцираме приоритетите на нашите корисници, но и можностите на креаторите на производите. Како студенти на ФИНКИ, можеме и сакаме да дадеме голем придонес во развојот на нови алатки за секторот туризам и земјоделство со цел да им обезбедиме решенија што ќе ги зголемат нивниот профит, а со тоа и да ја зголемиме побарувачката за работна сила. Знаејќи дека овие две индустрии се соочуваат со проблеми на старата технологија, која веќе не е во употреба во современиот свет и која бара големи промени, како и технологија што не може да донесе брз напредок, нашите студенти заедно со своите колеги од други факултети, ќе понудат различни иновативни решенија за процесот на автоматизација, олеснување и искористување на придобивките од информатиката во нивните компании.

DIGIT – Design and Interactive Graphics in IТ (Android)

Digit има за цел да создаде млад кадар кој може да допринесе дизајнот на мобилните апликации да се подобри, да се унапредат и да се олесни за навигација. Digit ќе се одржи од 14.12 до 18.12.2020 година, по 6ти пат, при што технологијата која ќе ја изучуваат и користи при изработка на задачите е за изработка на мобилна апликација, односно Android Studio. Andrioid Studio е единствениот IDE кој е целосно подржан од Google за развој на Android апликации и важните ресурси како Java Development Kit и Intel HAXM. Android Open Source Project (AOSP) ги нуди информациите и потребниот изворен код за да креира персо- нализирани варијанти од Android OS, преносни уреди и додатоци до Андроид платформа- та и да обезбеди уредите да ги достигнуваат потребните побарувања што го чуваат еко си- стемот на Андроид, здрава и безбедна средина за милиони корисници.