DIGIT – REACT

DIGIT има за цел да создаде млад кадар кој може да допринесе дизајнот да се издигне на повисоко ниво. Во свет каде што постојат многу сајтови за информирање, не секогаш тие се читливи и лесно може да ги пронајдеме информациите што ни се потребни.
Поради тоа ние, Студентскиот Парламент при ФИНКИ, ја организираме оваа пет дневна работилница каде што студентите ќе бидат обучувани и менторирани од лица експерти кои работат со оваа технологија. На самиот крај на настанот тимовите ќе мора да ги презентираат своите сајтови пред преставниците на компаниите, професорите и менторите.
Овогодинешниот DIGIT ќе се одржи од 12.12 до 16.12 по 8ми пат, на кој што домаќин ќе биде една од компаниите поддржувачи на настанот.
Технологијата која ја изучуваат и со која ќе треба да работат учесниците е React.
React e декларативна, ефикасна и флексибилна библиотека на JavaScript за градење на кориснички интерфејси. Ви овозможува да составувате сложени интерфејси од мали изолирани парчиња код, наречени „компоненти“. Првично е развиена за Фејсбук, но бидејќи бара само минимално разбирање на HTML и JavaScript, популарноста на оваа алатка е зголемена и се користи како front-end web development алатка.