Get in the ring – GITR
GITR е старт-ап настан преку кој се доближуваат новитетите на маркетот и потенцијалниот пазар во земјата и странство, до новите и идни старт-ап компании. Целта на овој настан е преку помош од луѓето кои го поминале патот и стигнале до успешни старт-ап компании, со нивната пасија и тајна за успех, да се поттикне иницијатива за креативни идејни решенија, а на веќе постоечките да им се потпомогне во понатамошниот раст и развој.
Оваа година, GITR ќе биде online тридневен хакатон од 1ви до 3 декември, а темите за развивање идеи ќе бидат од отворен карактер. На хакатонот пријавите можат да бидат и индивидуални и во тим, а е отворено за секој без разлика на годините и без разлика дали се студенти или вработени.
Апликација за пријавување: https://forms.gle/JH74axFRucoh4nGw6
За повеќе информации следете на на фан страната и на инстаграм профилот.
Место на одржување: nastani.fss.finki.ukim.mk