Примена на информатиката во земјоделието и туризмот
Студентскиот Парламент на ФИНКИ во текот на месец декември организара два хакатони со цел примена на информатиката во земјоделството и туризмот. Хакатонот #ReFRESH: Agriculture & Tourism под покровителство на И. М. Е. има за цел вмрежување на студентите на четири факултети односно два универзитета, каде тие би изработиле софтверско решение кое ќе има примена во земјоделието и туризмот во Македонија. Студентите од ФИНКИ, Факлутетот за земјоделски науки и храна, Факултетот за информатика и факултетот за туризам при УТМС и Универзитетот за Туризам и Менаџмент во текот на проектинте активности се запознаа со проблемите со кои се соочуваат компаниите од овие два сектора и како информатиката може да им помогне се со цел да им се олесни работата на фирмите во земјоделието и туризмот. Воедно, како организатори на двата тематски хакатони за туризам и земјоделие сакаме да искажеме голема благодарност до сите наши пријатели, партнери, членови на СП ФИНКИ кои несебично се вложија во помош и поддршка за реализирање на проектните активности и кои се залагаат за подобри услови овие два сектори. Активноста се реализираат со поддршка на Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ на Швајцарската агенција за соработка и развој.
Место на одржување nastani.sostanok.mk