Покрај обезбедување на подобри услови за студирање на факултетот, студентите како млади интелектуалци треба да се залагаат и за усовршување, како на своето образование, така и на образовниот процес. Она што сакаме факултетот да го понуди е поквалитетно образование придружено со уште поквалитетна практична настава, па со таа цел постојано воспоставиме контакти со фирмите кои нудат (или побаруваат) пракса за секој студент, согласно законот за високо образование.